Му благодарам на д-р Скано што ја прифати поканата за посета на нашата земја која е во борба против пандемијата Ковид-19. Во изминатите неколку денови имавме интезивни разговори за состојбата со корионавирусот. Имавме продуктивни состаноци со Комсијата за заразни болести, Инситутот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како и со неколку јавни здравствени установи. Разговаравме за досегашното искуство, активностите и мерките и следните чекори. СЗО наш стратешки партнер во многу сегменти во здравството, уште повеќе сега откако и ние како земја се соочуваме со голем здравствен предизвик, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Локалната канцеларија на СЗО е практично во секојдневна комунакција со членовите на Комисијата и МЗ.

Оваа поддршка во консултации, препораки донации којашто ја добиваме од СЗО освен тоа ни оддава признание за напорите.

Уште кога кон крајот на јануари СзО прогласи вонредна состојба ја изнтзивиравме оваа наша комуникација и го подигнавме нивото на будност на повисоко ниво.

Воведувавме димензионирани мерки да го заштитиме здравјето на граѓаните.

Во моментов нашата земја е соочена со бран на вирусот посилен од првиот, но повеќе како последица на непочитување на мерките.

Многупати уптаувавпорака дека во моментов единствениот начин да се заштитиме е да се почитуваат мерките.

Нашиот здравствен ситем е целосно прилагоден, секојдневно ја следиме состојбата на болничките капацитетит и правиме прилагодување и ротации на здравствените работници.

Она што е најважно е поддршката на граѓаните. Ако ова го имаме брзо ќе ја надминеме оваа состојба.

Сега е поважно од било кога сите да дадеме придонес во спречување на ширење на вирусот“, кажа Филипче.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here