Филмски грабеж претпладнето пред експозитурата на Халк Банка во скопски Сарај.
Три лица маскирани со фантомки и вооружени со автоматски пушки, ограбиле 27-годишен маж, кој бил паркиран со возило пред банката, потврдија од министерството за внатрешни работи за Канал 5. Неофицијално, тие му одзеле торба со пари во вредност од два милиони денари, односно 35 илјади евра – средства што оштетениот како дневен промет од неговата фирма, сакал да ги уплати во банката.
Од МВР оваа информација официјално не ја потврдуваат. По нападот, разбојниците со возило побегнале во правец кон Матка.