Фотографот, кој беше удрен од пикапот на канадскиот поп пејач Џастин Бибер, поднел тужба против него.
Инцидентот се случил на 26 јули 2017 година во Беверли Хилс. Тогаш пејачот полека излегуваше од
паркингот на една црква, која претходно ја посетил.
При вртење, неговото возило малку удри еден од фотографите, кои го имаа опкружено, Вилијам
Вилсон. Бибер веднаш се симна од пикап-камионот за да види што се случило и остана со жртвата
до пристигнувањето на полицијата. Тогаш немаше покренато обвинувања за инцидентот, а Вилсон
беше хоспитализиран.
Како што тврди веб-страницата на „ТМЗ“, во тужбата на оштетениот тој истакнува дека претрпел
привремена неспособност и други штети поради инцидентот. Вилсон сака од Бибер надомест, чија
големина не се посочува, додаде тој.