По катастрофалниот пораз од Каменица Саса во последното коло од Втората македонска фудбалска лига, раководството на Брегалница се реши за тренерска смена. Искусниот Трајче Сенев е минато за штипјани, а за негов наследник експресно беше назначен Ристе Наумов.
Помошникот на Сенев денес го одржа првиот тренинг со тимот и ја започна „мисијата“ враќање на победничките патеки и кам-бек во прволигашкото друштво.
Брегалница уште пред стартот на сезоната важеше за еден од фаворитите за промоција во ПМФЛ, но тимот го загуби второто место и му го предаде на Башкими со лошиот старт на пролетната полусезона.
Наумов дебито на клупата на штипјани ќе го има против Вардарски на домашен терен.