Годинава туризмот во Охрид е ставен под знак прашалник заради ситуацијата со КОВИД – 19, а уште по неисугрен за негова евентуална успешност е и депонијата која преку фотографии е архивирана покрај крајбрежните плажи.
Во една ваква вонредна ситуација кога властите апелираат граѓаните да ја зацврстат економијата преку купување на македонски производи и развивање на домашниот туризам, охриѓани се повеќе се скептични дека ова лето со ваква депонија можат да бидат магнет за туристите од Македонија и вон Македонија.
Загрижените граѓани бараат поголема свест од надлежниѕте и институциите за решавање на овој проблем, укажувајќи дека голем дел од жителите на Охрид преживуваат и врзуваат крај со крај благодарение на туризмот, а со ваква глетка и депонија се разбира дека економијата преку туризмот ќе биде сведена на нула.