Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја исплати највисоката премија во изност од половина милион евра за освоеното прво место на фудбалерите во групата од УЕФА Лигата на нации.

„ФФМ ја исплати премијата за пласман во завршната фаза од Лигата на нации и така треба да продолжиме да работиме во иднина. Пласманот на ЕП 2020 година би бил остварување на сонот на секој фудбал. Им посакуваме многу среќа во наредните предизвици. Мило ни е што ги израдувавме навивачите и се надеваме на добри резултати во иднина“, вели в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Македонија во полуфиналето на Лига на нации ќе игра против Косово, а во второто полувреме Грузија ја пречекува Белорусија. Потоа се игра финаале на неутрален терен и победникот ќе обезбеди пласман на ЕП 2020 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here