Немилите сцени од „Морача“ се пресилија во „Пионир“, па почетокот на петтиот натпревар од финалната серија во АБА лигата меѓу Црвена Звезда и Будуќност е одложен.
Неколкумина навивачи на Црвена Звезда, кои седеа во партерот на салата „Пионир“ вербално ги нападнаа кошаркарите на Будуќност, а фрлени се и неколку петарди на теренот, додека црногорскиот тим се загреваше пред почетокот на натпреварот. Поради овие немили сцени гостите се повлекоа во соблекувалната.
Видеото може да го видите тука – http://mondo.ba/a869282/Sport/Kosarka/Navijaci-Zvezde-napali-igrace-Buducnosti-na-zagrevanju-majstorica-ABA-finale-VIDEO.html
Директорот на Црвена Звезда се обиде да зборува со нервозните навивачи и да ја смири ситуацијата, а последната информација е дека потребно е да се испразни комплетно првиот ред од трибината во која седеа навивачите кои ги нападаа играчите на Будуќност.