За една недела протести, кои се проширија од Минеаполис, Минесота во десетици градови и се претворија во хаотични немири, загинаа 13 лица – најмалку девет демонстранти, 1 полицаец, една жртва на демонстрантите и две неидентификувани лица.

Еден полицаец бил прегазен во понеделникот вечерта во Њујорк, а на снимките се гледа дека поради силата на ударот, тој полетал во воздухот и паднал меѓу автомобилот што го удрил и друг автомобил во движење. За среќа, тој преживеал.

Многумина и во Америка и во целиот свет се згрозени од френетичкото насилство на дел од демонстрантите низ САД, повеќе отколку од самото полициско насилство што го предизвика протестите. Наскоро стана јасно дека, покрај обичниоте грабежи и отпор преку подметнување пожари и кршење, голем дел од насилството потекнува од организираните и милитантни членови на движењето Антифа, или „професионални анархисти“, како што ги нарече претседателот Доналд Трамп. Ова го предупредија официјалните претставници на федералната полиција, како и градоначалниците на Минеаполис, Чикаго, Солт Лејк Сити, Денвер и директорот на разузнавачката комисија во Сенатот на САД.

https://www.youtube.com/watch?v=pz4kR3lFdTc&feature=emb_logo

Насилството на демонстрантите ескалира денеска. Најмалку пет полицајци се повредени во пукањето, од кои четворица во Сент Луис, Мисури.

„Моравме да ја заштитиме станицата, тие фрлаа пиротехника кон полицијата“, изјави командантот на градската полиција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here