Екипата на Арсенал забележа пораз на гостувањето во Ливерпул кај Евертон кој славеше со минимални 1:0, а еден инцидент го одбележа натпреварот.
Имено, Месут Озил по замената во 74. минута со јакната која е наменета за резервните фудбалери на клупата го гаѓаше својот тренер Емери и на тој начин потврди дека меѓу нив двајца односите не се баш најдобри.
Германецот очигледно беше незадоволен што токму тој мораше да излезе од игра, а бесот сакаше да го истури на човекот кој ја донесе таа одлука.