Изградбата на компексот треба да заврши најдоцна до почетокот 2021, а како што најавува инвеститорот ќе биде најелитниот станбен комплекс кој е некогаш изграден во Македонија.

ФИНЕ ДОО и Фијат Цаноски од денес ја започнуваат градбата на комплексот „Космос“. Изградбата на компексот треба да заврши најдоцна до почетокот 2021, а како што најавува инвеститорот ќе биде најелитниот станбен комплекс кој е некогаш изграден во Македонија.

Ивестицијата на комплексот изнесува близу 60 милиони евра. Сместен покрај реката Вардар, во населбата Ќерамидница, комплексот е предвидено да биде како град во град.

Големата зграда- седумнаесеткатница од комплексот, ќе биде поделена на пет ламели, а ќе има повеќе посебни влезови. Ќе има и помала зграда, која ќе биде поставена полукружно. Двете згради заедно ќе имаат околу 560 станови.

„Поголемата зграда зафаќа бруто-површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Постои навистина голем интерес за купување станови во „Космос. Тоа причинува големо задоволство затоа што целиот објект се гради по многу високи стандарди, со квалитетни материјали и добро е што купувачите тоа го ценат и покажуваат интерес за живот во ваков мини град“, информира инвеститорот.

Во долниот дел од големата зграда на „Космос“ ќе има деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат ќе има луксузен ресторан, кој ќе ротира. Во средишниот дел на овој последен кат ќе бидат сместени и фитнес-центар, базен и сауна за рекреација на станарите, а ќе има и детска градинка. Меѓу двете згради ќе има парк и шеталиште.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here