Штипјани утрово се разбудија со мирисот на ѓубрето!

Низ центарот на градот се видливи неколку контејнери кои ги “краси” бујниот отпад и колоритната миризба.

Летото дојде, па ќе им простиме на надлежните, кои најверојатно отпатувале на летен одмор и ги полнат батериите за новите “работни” предизвици во Штип.

Сепак, би сакале да ги потсетиме дека граѓаните секој месец издвојуваат паричен надоместок за фрлање на отпадот пред нивните згради и куќи, доколку надлежните планираат да не работат додека уживаат низ летните дестинации во Македонија или вон Македонија, тогаш ќе ги замолиме и да не бараат пари од граѓаните!

Овој Штип е далеку од центар на Источна Македонија, а уште по далеку од достигнување и имплементирање на ервопските стандарди!

 

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here