Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторник на 2 април ќе ја посети Македонија. Делегацијата што ќе ја предводи Ципрас ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје, по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Северна Македонија. Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе имаат билатерална средба, а потоа и зедничка прес-конференција во Владата, а ќе биде одржана и меѓувладина седница.
Тој вчера за време на претставувањето на кандидатот од Сириза за периферијата централна Македонија на претстојните локални избори во Грција рече дека Договорот од Преспа испраќа порака дека преку пријателството и соработката на народите, преку мирот, соработката и зближувањето, можеме да најдеме патишта за перспектива за денес и утре, за идните генерации.