Тенденциозно и со политичка позадина, така министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев го оцени синоќешниот инцидент во скопската населба Ченто.

„Граѓаните водени од политичка мисла свесно се изложија на опасност себе и своите сограѓани“, истакна Чулев.

Министерот предочи дека едно лице од тројцата приведени е член на советот на Гази Баба од СДСМ, кој и самиот се претставил пред полицајците.

Чулев кажа дека недоразбирањето се случило поради лиферување лажни информации дека тројцата приведени биле приведени од своите домови и оти биле физички малтретирани во полиција.

Министерот додаде дека по завршување на информативниот разговор со приведените тие биле пуштени, а во своите искази потврдиле дека се приведени на улица и оти врз нив немало примена на насилство.

Лицата коишто го прекршиле полицискиот час ќе се соочат со кривична пријава по член 206.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here