На припадниците на единицата „Волци“ им е соопштено дека околу триесет од нив треба „доброволно“ да побараат прекоманда и да бидат преместени на други работни места во останатите единици на АРМ.

Се чини дека после малото затишје кое беше последица на предизборни калкулации, по директна насока од министерката продолжува растурањето на најелитната единица на #АРМ, Баталјонот за специјални намени #Волци.

За да биде притисокот врз специјалците поголем и да се наруши кохезивноста на единицата, наредено им е тие сами меѓу себе да се договорат и да достават список кои би биле тие 30 лица, со временски рок до крајот на месецов.

Ваквите уцени и притисоци директно влијаат врз моралот на припадниците и се директна последица на непрофесионалното и егзибиционистичко управување со Министерството за одбрана. За мене е несфатливо како може најобучените и најелитните војници да се уценуваат и омаловажуваат, а токму тие се оние кои први застануваат на бојното поле за да ја бранат татковината. – Напиша на својот фејзбук профил Александар Нацев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here