Шпанија утре за првпат од пандемијата ќе ги отвори своите граници за првите туристи од Шенген зоната, со исклучок на Португалија. Според најавите, планирано е пристигнување на 100 авиони со првиот бран туристи за ова лето.
Во меѓувреме, шпанското министерство за здравство објави дека бројот на новозаразени денеска е 363, во споредба со претходните денови кога беа регистрирани меѓу 130 и 150 случаи дневно.
Шпанија е трета земја во Европа по вкупниот број заразени со 293 018 лица и 28 322 починати.
Премиерот Педро Санчез пред утрешното укинување на режимот воведен како заштита од ковид-19, ги повика граѓаните да продолжат да бидат претпазливи.
Шпанските медиуми претходно јавија дека од средината на март, во Шпанија биле приведени повеќе од 9 000 луѓе за прекршување на мерките воведени поради пандемијата на ковид-19.
Извор: 360stepeni.mk