Овој викенд во ден недела, спортската јавност помина во знакот на Државно првенство во Џиу Џица, турнир кој се одржа во нашата метропола Скопје.
Од Штип свое учевство заземаа 21 натпреварувач и 4 судии, клубот на Осенсеи по бројот на освоени медали во колективен ранг беше прогласен за второ пласиран, веднаш зад прво пласираниот Pound for pound од Битола.
Ова е листата на освојувачи од клубот Осенсеи:
Третото место и бронзените медали им припадна на Клементина Ташкова, Максим Димитров, Ана Костадинова, Андреј Костадинов, Стојанче Кожукаров, Мартин Јанинков и Нина Ташков.
Второто место и сребрениот медал го “зграпчија” Клементина Ташкова, Данил Николиски, Лука Андонов, Стефан Донев, Ана Костадинова, Димитри Радев и Вангел Белташев.
Со освоено прво место и злато се закитија Ева Димитрова, Филип Денков, Никола Гицев, Јован Николиски , Станислав Грпов и Христијан Јованов.
Напред Осенсеи, честитки и ви посакуваме уште поголеми успеси, овој пат во меѓународни рамки!