Со Владина одлука, Штипскиот универзитет ќе го менува името. Засега тој е единствена установа од регионот која се најде на листата на национални институции која треба да се преименува. Во иднина, тој ќе го носи името република Северна Македонија Државен универзитет Гоце Делчев – Штип:
„Оној момент кога од Владата на Република северна Македонија ќе бидат доставени документите за тоа како ќе изгледа новото име на нашиот Универзитет, тоа ќе го направиме во согласност со актуелните и важечки законски прописи, бидејчи она што се правила за сите државни институции, е правило и за нашиот Универзитет“, изјави Блажо Боев – ректор на УГД Штип.