ЈП ИСАР нема пари за обнова на возниот парк, но има толеранција за набавка на резервни делови наменети за ново возило, сума која што го олесни џебот на граѓаните за 23.000 евра!

Овие делови се наменети за метларката која пред една година беше набавена од почитуваниот мислител и економски “визионер”, Кочо Анѓушев, возило кое што државната каса на Општина Штип ја испразни за 85.000 евра.

Сoмнително, или баш случајно, оваа набавка се искористи во време на вонредна состојба и криза во државата.

Веќе можеби има логика зошто паниката од надлежните беше пуштена на најјако низ македонската јавност, се разбира, кога има паника најлесно се овозможува манипулација на граѓаните и перење на пари колку што душа ти сака.

Сега, кога ЈП Исар покажа колку е полна касата во Штип, граѓаните се надеваат на подобри времиња, времиња во кои “кваровите” на возилата како изговор ќе бидат минато и времиња во кои крпените улици претворени во калдрми ќе заличат на европски писти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here