Денес во дворот на МВР беше забележана касапница на зеленило, причината може да биде безбедносна, но прашањето останува отворено, зошто баш во овој период од годината?!

Во продолжение, ќе наведеме конкретни примери, за тоа како дрвјата влијаат врз подобривање на животната средина:

Тие ја намалуваат температурата на воздухот. Процесот се одвива со помош на листовите од кои испарува водена пареа (при хемиски процес). Водата која испарува игра значајна улога во намалување на темплературата на воздухот. Таа, буквално како “сунѓер”, ја впива сончевата енергија и далумно ја намалува потенцијалната температура на воздухот.

Едно дрво може да ја намали температурата на воздухот, што пропорционално одговара на: паралелно дваесетчасовно работење на десет собни клима уреди. Па така, може да ги сметаме за природни “клима уреди”.

За време на летото, листопадните дрвја ги користат своите лисја за да ја рефлектираат сончевата енергија. На зима тие се баз лисја (нивните лисја одамна паднале), дозволувајќи и на сончевата енергија непречено да ги затоплува ѕидовите на објектите. Најпогодни експозиции за посадување на листопадни дрвја се западните и јужните.

Тие го спречуваат директното загревање на асфалтните површини кои се наоѓаат под нивната сенка. Како последица се јавува намалена температурна радијација за време на ноќта. Идеалната покриеност со сенка на овие површини се движи околку 50%.

Зимзелените дрвја имаат својство да ја намалат брзината на ветрот. Ова својство е карактеристично за зимскиот период. Тогаш, тие се однесуваат како природен штит кој не дозволува студениот ветер да ги излади ѕидовите на објектите.

Граѓаните се обврзани да добијат дозвола од градските власти ако сакаат да ги сечат дрвјата од своите имоти, за да се запази безбедноста, за заштита на животната средина и за да има непречен транспорт на исечените дрва до други корисници на дрвната маса, па сеаме дка ваква дозвола имаат и од МВР.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here