Како што беше најавено, штипјани денес, во 19 часот излегоа на протест против изградбата на втората паркинг платформа во централното градско подрачје.

Присутните побараа со европски, човечки разум, да се изнајде решение.

И покрај незадоволството од одлуката на општинската власт, сепак, некои од нив предложија идеи, како да се реши овој проблем.

Дел од идеите беа да се искористи просторот каде се наоѓаше стариот градски пазар, или да се смени локацијата, да се изградат катни или подземни гаражи.

Дали мислењето на граѓаните и нивната желба да се зачува природата и убавината во тој дел на градот, ќе допре до оние кои одлучија да се изгради платформа, ќе се очекува во текот на наредниот период.

Извор:  mnet.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here