Денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Штип, досегашниот градоначалник и нов министер за транспорт и врски, Благој Бочварски ја предаде функцијата на досегашниот претседател на Совет на Општина Штип, Јане Миланов.

Новиот министер за транспорт и врски се заблагодари на граѓаните, вработените во јавната адмистрација, раководителите, директорите и новинарите за соработката и поддршката која постојано во изминатите три години ја добиваше.

„Ми беше чест да бидам прв човек на мојот роден град. Благодарам на сите мои соработници, на сите кои дадовте се од себе за градот и граѓаните.

Поставивме нови стандарди на водење на институцијата, работевме напорно на изработка на големи проекти кои го придвижија градот напред,“ кажа министерот Бочварски.

Заменик градоначалникот Јане Миланов истакна благодарност за доверената функција и како досегашен претседател на Совет на Општина Штип ја потврди успешната соработка со Благој Бочварски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here