Дали Општина Штип се помири со проблемот на граѓаните?

Летниот распуст стартуваше, високите температури ги чувствуваме, но базенот во овој период од годината сеуште не го гледаме.

Затворениот базен веќе го видовме, но сите посакуваат да биде отворен веќе постоечкиот!

Ниту трага и глас од надлежните, префрлање топка од една кон друга страна, беше единственото нешто што некој го сервираше на јавноста како одговор на прашањето, зошто базен во Штип нема ова лето 2019-то.

Во секоја нормална држава, проблемите постојат за да бидат решени, вработените во институциите на чело со Општината ќе потсетиме дека раководат и земаат плата токму за решавање на ваквите проблематики.

Сепак, кога немаат надлежните одговор и визија, ајде заеднички да вложиме напор со давање на предлог – идеја, всушност нашето барање гласи вака:

Општината Штип нека обезбеди превоз за секојдневни водени разладувања низ градовите во Македонија кои на голема среќа имаат базени!

Преку имплементација на оваа идеја, штипјани ќе бидат до небо благодарни за овозможените услови и дадената можност ако не во својот базен, тогаш во базените на другите градови низ Македонија да се разладат и за момент да ја почувствуваат летната авантура.

Би сакале да потенцираме, постоечките реални проблеми, подготвени сме да ги решаваме без паричен надоместок, ајде да чекориме кон една и едниствена мисија, доброто на градот е добро на граѓаните!

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here