ВМРО и ГДУ со исто обвинување и прашање до власта – Зошто Штип по 70 години, летово за првпат ќе нема базен:

„Не само што ги нема ветените аква парк и затворен базен, туку Штип стана град без базен! Очекувањата на граѓаните беа големи, но од година в година спласнуваат како издишан балон. Оваа година е неизвесно дали нашите сограѓани ќе се рекреираат во импровизиран базен, во кој демне сериозна опасност од болести или несреќи, или за прв пат после 70 години, во Штип ќе нема место за разладување на летните горештини. И после две години градскиот татко не може да најде начин и да им овозможи на нашите сограѓани соодветен базен, па затоа се приморани да патуваат во соседните градови. Аква паркот и затворениот базен се мета на потсмев, затоа што општината не може да обезбеди обичен базен, а не нешто повеќе“, истакна Игор Ефтимов, портпарол на ВМРО ДПМНЕ – Штип.

Катанецот на ватата од градскиот базен за ГДУ е потврда дека Штип конечно доби затворен базен, но не онаков на каков што граѓаните се надеваа:

„ Навистина зборот е збор! За жал, добивме само затворен базен, но не и покриен таков. Би сакале да знаеме дали ова лето ќе се примени иновативната метода за разладување од летните горештини по примерот на предходниот градоначалник на Скопје, г. Коце Трајановски, со поставување на песочни плажи покрај реката Брегалница? Само најискрено ве молиме, во никој случај да не се плажите во Ново Село, бидејќи цевката од колекторот сѐ уште не е направена, иако цела Македонија разбра за фекалиите кои излегуваат од таму. Можеби подобро е градскиот базен да биде отворен за да можат граѓаните да уживаат во капацитетите на истиот, или пак ќе треба да одиме до соседните градови на пример Пробиштип или Кочани“, истакна Борче Пачемски, претседател на ГДУ – Штип.

На обвинувањата од ВМРО и ГДУ, од Општинтата реагираа со следново образложение:

„За потсетување на јавноста и на загрижените членови на ВМРО-ДПМНЕ, еден градоначалник од вашите редови во својата програма ветуваше затворени базени, балон сали, спа центри за да неговиот наследник исто од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој исто така ветуваше, но единствено што реализира е тоа што го продаде единствениот градски базен во Штип, под услови познати само нему. За разлика од нив кои сееја само магла и празни ветувања, ние како локална власт сме на стартот на изградба, со целосна документација, на затворен базен во склоп на училиштето „Димитар Влахов“ во населба Сењак. Исто така преку јавно приватно партнерство ќе градиме спортско рекреативен центар Суитлак со богати содржини кои ќе одговорат на потребите на граѓаните како што се: фудбалски игралиште, помошни простории за игралишта, спа центар, теретана, соблекувални за посетители, ресторан и многу други содржини“, реплицираше Билјана Казанџиска , рак. на Сректор за образование, јавни дејности и ЛЕР.

Извор: ТВ Стар

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here