Миле Јанакиески од саботата штрајкува со глад. Информацијата за ТВ24 ја потврди неговиот адвокат, Еленко Миланов.
Поранешниот министер за транспорт отпочнал со штрајкот како знак на револт поради тоа што судот повторно го врати во притвор, а во истовреме за друг случај односно за 27-ми април веќе има мерка куќен притвор. За штрајкот со глад испратил и писмо до Кривичниот суд со кое бара да одлучат по закон и да дадат причини зошто за едното дело може да се смета дека ќе бега, за другото не.
Според Миланов и во двата случаи со предлозите за притвор наведени се истите причини дека постои опасност од бегство и влијание врз сведоци. Неговиот адвокат прашува што е тоа што го става во ситуација дека би бегал?
Новиот директор на затворот во Шуто Оризари, Есад Рахиќ не одговори на повиците за да даде потврда дали и Управата официјално е информирана за штрајкот на Јанакиески, кој е осомничен во најновиот случај или т.н „Шпански скали“.