Иван Јорданов, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ во Штип, повторно обелодени скандал, овој пат со наслов – “Ало докторе”!
Наместените настапи пред камери завршија, но тендерите на Жути се уште стојат. И сега што правиме? Прилозите со кои сакате да се прикажете дека само вие сте доктори, небаре нема други во Штип, нема да ја сокријат реалноста за наместените тендери за стентови и реагенси со фирмата на Жути.
Пред камерите се претставувате како доктори и хуманисти, а зад камерите како врвни тендераџии. Заборавате дека функцијата доктор и политичар се различни една со друга.За доктор не постојат ваши и наши, за доктор постои само една работа, а тоа е човековото здравје.Но, вие преку човековото здравје се обидувате да профитирате со тоа што спроведувате матни наместени тендерски постапки, и тука се губи секоја ваша смисла за хуманост.
Но, да се вратиме на она другото, она побитното, она кое што е ваша супспецијализација, тендерите.
Затоа што не се’ само во прашање набавката на стентови и реагенси.Јавноста допрва ќе слушне за вашата лажна хуманост и вредност. Следните денови ќе обелодениме нови криминални постапки кои се спроведуваат во Клиничка болница Штип. За крај да потсетиме дека заради вашето хоби за местење на тендери и спроведување криминални постапки, ја стопиравте изградбата на новата зграда на Клиничката болница Штип.