Штипскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов, преку говорница од собранието на Република Македонија се обрати кон претставниците од власта и ги потсети на времињата некогаш и денес.
Јорданов посочи дека со овие политики на СДС, Македонија се ближи до високо ризичните земји кои се задолжени до гуша и кои тонат се’ повеќе со секој изминат ден.
Ако некогаш СДС ги потценуваше странските и домашните инвестиции кои ги имплементираше ВМРО-ДПМНЕ, и велеа дека кога ќе дојдат на власт ќе покажат што значи здрава економија и носење пари кај народот, денес откако се на власт, единствено што придонесоа се инвестиции и вложувања во наместени тендери, магариња и фризерско студио.
Целосниот говор на Иван Јорданов можете да го проследите во продолжение:
Приватизацијата во времето на СДС е болка и денес, таа во црно остави огромен број на македонски фамилии. Тие времиња никогаш нема да ги заборават родителите, а нивните деца денес и тоа како се сеќаваат на тешкото минато и уште по болната иднина која допрва претстои од владеењето на оваа владина гарнитура.
СДС се уште нема научено да го цени народот, денес како и некогаш продолжува да го потценува и понижува. Овој македонски народ кристално јасно гледа што се случува во државата и како власта ги троши народните пари.
“СДС е срам за интелегнцијата на овој напатен народ, СДС е машина за лажење, СДС треба да се сврти кон реалноста и да се запраша зошто оваа година 46.000 македонските граѓани останаа без работа?
За да биде трагедијата уште поголема, во време на здравствена и економска криза, власта на Северна троши пари за тренинарања на магариња”, изјави Иван Јорданов.