Штипскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов, својот прв говор во Собранието на Република Македонија го посвети кон изборот на новите министри и новата Влада.
Јорданов изјави дека оваа нова Влада го претставува ликот на луксузниот и моќниот брод Титаник, кој бил изграден за големи очекувања и за големи цели, но неговата конструкција и пловидба траеле кратко и не славно.
Титаник бил потопен од сантра мраз, а оваа неславна владина гарнитура за кратко време ќе биде потопена од санта мраз, наречена македонски народ. Парите од народот преку кои Заев покажува мускусли на сила и моќ, за кратко време ќе вредат колку што вредеа парите на скапите патници во Титаник, имаа пари, но не им помогнаа да се спасат, а ниту пак имаа каде да ги потрошат.
Јорданов се обрати и кон веќе екс градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Тој изјави дека во овој владин брод има еден патник кој купил скап билет, но не од негови пари, туку од парите на граѓаните на Општина Штип. Тој патник овој билет го купил за да се спаси од штипјани, затоа што кукавички избега качувајќи се на овој скап брод, а оставајќи ги жителите на Штип во чамец, но заборавил дека откако ќе потоне бродот, ќе бара спас од истиот тој чамец!
Во продолжение проследете го целосниот говор на Иван Јорданов.