Пејачот на народна песна и љубеникот на публиката, Јордан Митев, во средата во родниот Радовиш, го заврши снимањето на видеото за спотот на неговата последна објавена песна „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, која е вистински хит во нашата земја и кај нашинците надвор.
Спотот, кој првично беше најавен за во Јануари месец, светлината на денот ќе ја здогледа токму во овој период од годината, а малото одложување за негово снимање и премиера беа многуте ангажмани кои нашиот пејач ги имаше токму тогаш.
Овој пат Митев спотот го работеше со „Арт Продукција“, а водејќи се според досегашната пракса, публиката со сигурност може да очекува високо квалитетно и професионално видео.
Во спотот за песната во која може да се пронајде секоја генерација на слушатели и уживатели на македонската народна песна, учествуваа голем број на статисти, а како и секогаш, така и сега, Јордан даде акцент кон истакнување на квалитетни и интересни места од неговото поднебје. Како главна локација за снимање на видеото беше ресторанот „Тиамо Гарден“ во Радовиш.
Промоцијата на спотот очекувајте ја наскоро, а за престојниот период најавено е уште едно снимање на спот, надвор на границите на нашата земја, но повеќе детали не се откриваат.