Ќе ги спроведат ли здравствените власти пропишание и задожителни мерки на самоизоација при тестирање за присуство на коронавирус, откако потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири денеска објави дека е позитивен на коронавирусот? Тој објави дека немал симптоми, но дека тестот е позитивен и кај него, кај неговата сопруга и кај ќерката.
Зекири пред неколку дена учествуваше на телевизиска дебата на ТВ 24, а на самиот почеток на емисијата тој изјави дека доаѓа од состанок со партискиот врв на СДСМ. Но, засега нема информација дали во партијата се спроведува мерка на изолација на сопартијците кои контактирале со потпретседателот Зекири. Лидерот на партијата Зоран Заев тврди дека со Зекири не се видел даесетина дена, а соговорникот во дебатата Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук објави дека веќе се тестирал и ги чека резултатите. Новинарката Душица Мрѓа од ТВ 24 ,како што соопштија од телевизијата ќе биде во 14-дневна домашна самоизолација, по препорака на епидемиолозите.
На прашање до СДСМ дали партијата ќе ги спроведе пропишание мерки за изолација и за колку лица ќе се однесува таа ,со оглед на тоа што Зекири во телевизиската дебата изјави дека доаѓа од партиски состанок, од партијата за Плусинфо велат дека од самиот почеток на глобалната пандемија во седиштето на СДСМ се преземаат сите мерки и протоколи пропишани од здравствените и надлежните институции за заштита на здравјето на секој поединец.
Сепак, владината уредба со законска сила вели дека самоизолација при тестирање за присуство на коронавирус е задолжителна и трае до добивање на негативен резултат од тестирањето.
– Доколку постои одлука или задолжение од некоја надлежна институција за самоизолација, или пак други мерки кои здравствените власти оценат дека треба да се преземат, СДСМ ќе ја информира јавноста. Во седиштето на СДСМ обезбеден е протокол и услови за лична дезинфекција, поставени се соодветни средства за оваа намена секаде, се прави редовна дезинфекција на сите простории, се почитува физичката дистанца како и насоките за носење заштитна опрема како маска или марама. Состаноците се одржуваат согласно сите мерки за заштита, во големи простории, на соодветна дистанца, со заштитни маски и обезбедени средства за претходна лична дезинфекција – велат од СДСМ.
Партијата вели дека ќе продолжои целосно да ги спроведува препораките и задолженијата од инситуциите, во насока на заштита на јавното здравје и на здравјето на секој поединец.