ретседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе одлучува за 11 закони коишто претседателот Ѓорѓе Иванов одбил да ги потпише, затоа што го содржат новото име на државата, Република Северна Македонија.

Во Службен весник со очекува да бидат испратени само со потписот на Талат Џафери, како што беше направено за ратификацијата на Преспанскиот договор и за Законот за јазиците, но само доколку повторно се изгласаат.

Според ВМРО-ДПМНЕ, постапката на Иванов е законска.

„Иванов со постапките кои ги презема ги претставува граѓаните на Република Македонија. Тој беше избран за претеседател на Република Македонија. Претседателот се заколнал пред Уставот на Република Македонија. Иванов одбра да не ги потпишува законите, повелете гласајте ги втор пат да видиме дали претседателот ќе ги потпише. Она што го прави Иванов е согласно законите и Уставот“, изјави вчера Влатко Ѓорчев во емисија на ТВ Телма.

Од СДСМ пак велат дека Иванов го завршува мандатот онака како што го водеше изминатите десет години, на штета на граѓаните.

„Реформските закони се исклучително важни за граѓаните за Република Северна Македонија меѓутоа и за самата држава. Иванов делува спротивно од интересот на гаѓаните, меѓутоа нема да го стопира напредокот и реформите во нашата држава. Согласно Деловникот одговорен за процедурите во Собранието на Република Северна Македонија е Претседателот на Собранието и тој согласно тоа ќе постапи и ќе ги преземе надлежностите кои му се дадени со Закон“, изјави денеска Јагода Шахпанска, пратеничка од редовите на СДСМ.

Денеска истекува и рокот во кој претседателот Ѓорге Иванов, треба да ги потпише Указите за Законот за судовите, Законот за прекршоците и Законот за управните спорови, донесени со дво-третинско мнозинство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here