Во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-107, Куманово-14, Штип-4, Тетово-23, Струга-5, Битола-2, Охрид-6, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Берово-1, Ресен-13, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти од: Скопје-22, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-1, Кочани-2, Свети Николе-1, Кичево-1.

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 2243, активни 1507
Куманово 668, активни 219
Дебар 62, активни 10
Штип 254, активни 205
Прилеп 229, активни 16
Тетово 481, активни 297
Струга 147, активни 68
Велес 156, активни 29
Битола 37, активни 9
Охрид 90, активни 71
Кавадарци 8, активни 3
Гостивар 78, активни 52
Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица 10, активни 7
Крива Паланка 10, активни 4
Радовиш 4, активни 0
Крушево 5, активни 2
Кочани 56, активни 23
Пробиштип 11, активни 9
Демир Хисар 1, активни 0
Македонски Брод 3, активни 1
Пехчево 5, активни 2
Берово 3, активни 2
Валандово 5, активни 3
Виница 3, активни 0
Делчево 1, активни 0
Кратово 4, активни 2
Свети Николе 11, активни 9
Кичево 5, активни 2
Ресен 47, активни 46
Неготино 19, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1348 теста се преку: ИЈЗ –570, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена –98, Биотек –150, Систина со PCR метода –189, МАНУ -157, Жан Митрев (Филип Втори) -152 и Судска медицина-0. Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 121 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 336
Аеродром – 125
Бутел – 118
Гази Баба – 128
Центар – 121
Карпош – 103
Сарај – 105
Кисела Вода – 80
Ѓорче Петров – 62
Студеничани – 71
Шуто Оризари – 51
Арачиново – 38
Илинден – 24
Петровец – 12
Чучер Сандево – 8
Сопиште – 12
Зелениково- 1
Странец – 3
Нераспределен-4

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here