Пред 26 години испишана е една од најнегативните страници од најголемото фудбалско ривалство во македонската историја. Нетрпеливоста меѓу „Комити“ и „Чкембари“ кулминираше со нивното соочување во сезоната 1992/93 во шампионатот на Македонија.

Имено, натпреварот од последното коло на ПМФЛ меѓу Пелистер и Вардар не се одигра заради дивеењето на навивачите на двете екипи.

По инцидентот на полицијата и домашните навивачи повредени беа дел од „Чкембарите“, а половина стадион беше демолиран. Исчекувањето донесе кршење на дрвените клупи, провокации од „Комитите“, па влегување на терен на домашните навивачи и солзавец кога ситуацијата беше пред поголем инцидент.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here