Репрезентацијата на Португалија на домашен терен има негатива од 0-1 против Србија, но она што го загрижува селекторот Фернандо Сантош и фановите е повредата на Кристијано Роналдо.

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, во 29. минута почувствува болка во мускулот на ногата и веднаш побара замена. По реакцијата на лекарскиот тим, повредата беше потврдена и на негово место во игра влезе Пици.

Оваа повреда освен за Португалија сигурно дека ќе биде загрижувачка и за Јувентус, кој го очекуваат четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите против тимот на Ајакс.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here