НАСА бара волонтери на кои ќе им плаќа 16.500 евра за да гледаат телевизија легнати во кревет два месеци, за да ја тестира вештачката гравитација.
Волонтерите ќе имаат телевизор, материјал за читање и други активности за да не им биде здодевно.
Учесниците во истражувањето ќе лежат во специјализирани кревети два месеци, за да се тетсира како вселенскиот лет влијае на човечкото тело. Пријавите за овие работни места се затвораат на 24 мај, а тестирањето почнува во септември.
Секако, и за оваа „работа од соништата“ има одредени услови – сѐ, ама буквално сѐ, од јадење и одење во веце, ќе треба да го правите лежејќи во кревет.
НАСА го води истражувањето со Европската вселенска агенција (ЕСА) и Германскиот вселенски центар (ДЛР).
Волонтерите ќе лежат во кревет 60 дена во благо накосена положба, со малку поткренати стапала и спуштена глава.
Половина од волонтерите ќе поминат на центрифуга во лабораторија каде ќе се движат со брзина од околу 30 вртења во минута. Откако ќе заврши истражувањето, експертите ќе проверат дали кај учесниците во истражувањето со оваа техника се намалило ослабувањето на мускулите.
Истражувањето трае вкупно 89 дена во кои спаѓаат и пет дена во запознавање со програмата, 60 дена во лежење и потоа 14 дена одмор.