Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков и неговиот Веспрем ќе играат четвртфинале во Лигата на шампионите, затоа што на домашен терен го надиграа Спортинг и рутински ја одбранија предноста од првата средба.

Токму Македонецот го даде еден од најубавите голови на средбата, кој исто така се најде во фокусот на ЕХФ. Манасков по едно додавање излезе еден на еден со противничкиот голман и го надмудри со шут од зад грб.

Крилото натпреварот против Спортинг Лисабон во Унгарија го заврши со вкупно четири погодока.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here