Незадоволство, револт и досега необјасниво за граѓаните, како и зошто, патот Миладиновци – Штип сеуште не е пуштен во употреба.
Веќе неколку години патот се реновира, а откако дојде новата владина гарнитура, излезе пред јавноста со обвинение дека поранешната ВМРО направила низа на пропусти, но за неколку месеци дека тие ќе ги поправат и овој пат ќе го пуштат во употреба, сепак, месеците се претворија во години, а автопатот уште не е активен.
За оваа проблематика, на својот Фејсбук профил се “јави” и Димитар Апасиев, тој кратко и јасно ја даде дијагнозата … зошто СДС “тапка” во место со оваа патна инфраструктура!
Димитар Апасиев: Градиш убав, модерен и пократок АВТОПАТ. Го пушташ. Ти се намалуе приходот од ПАТАРИНА на стариот автопат!? Го затвораш новиот автопат!
#ТребаДаТиТекнуеБеБраааат
#ДолуПрофитерскатаЛогикаВоЈавнитеУслуги