Новостите за Хари и Меган Маркл одсега ќе може да ги следите на нивниот официјален Инстаграм профил.
Откако ги избриша своите приватни профили на социјалните мрежи, Меган Маркл се врати на Инстаграм, овој пат со својот сопруг, принцот Хари.
Кралскиот пар во вторникот го отворил својот официјален профил, под името „Sussex Royal“, на кој ќе може да ги следиме сите новости во врска со нивната работа.
„Добредојдовте на напиот официјален Инстаграм профил. Се радуваме што ќе ја споделуваме со вас нашата работа, работите кои ги поддржуваме, важните најави и ќе имаме прилика да укажеме на клучни прашања. Ви благодариме на поддршката и добредојдовте на @sussexroyal“, напишале Меган и Хари и објавиле неколку заеднички фотографии.
Новостите во врска со Хари и Меган досега можевте да ги следите на профилот на Кенсингтонската палата, која всушност ја објави и оваа вест. Профилот Kensington Royal сега е резервиран само за принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Инаку, овој потег доаѓа две недели откако палатата објави дека Меган и Хари ќе добијат сопствена канцеларија, одвоена од Вилијам и Кејт.
Од вчера до денеска, нивниот профил го заследиле повеќе од 2 милиони луѓе. Многу фанови им посакале добредојде, а меѓу нив биле и пријателките на Меган, Џесика Мулрони и Опрах Винфри.