Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски нервозно настапува на денешната дебата на ТВ Сител, влетувајќи во збор на останатите гости во дебатата. Тој во својата нервоза на професорката Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и се обрати со ТИ, на што професорката реагираше:

Ве молам, немојте да ми се обраќате со ТИ!
Пендаровски ја напаѓа професорката Силјановска, не и дозволува да се доискаже, да заврши реченица, а тоа го прави дури и со кандидатот Блерим Река.

Ја напаѓа за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, бара од неа коментар за изјави на Мицкоски, притоа избегнувајќи да одговори за работи поврзани со негови изјави во кои тој ги навредува Албанците. Река во еден момент му влета во збор на Пендаровски со цел да му укаж дека не е пријатно некому да не оставате да се доискаже.

-Дали јас сум учесник во дебатата или само пасивен гледач – запраша Река.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here