Фудбалска Европа вечерва ќе ги добие првите две екипи учесници во полуфиналето на најелитното натпреварување на Стариот Континет , Лигата на шампионите.

По реваншите во Барселона и Торино ќе бидат познати првите полуфиналисти во најценетото фудбалско натпреварување.

На Ноу Камп шпанскиот шампион Барселона е домаќин на англискиот гигант Манчестер Јунајтед.

Каталонците по минималниот триумф на Олд Трафорд во првите 90 минути од четврт-финалето од 1-0 се големи фаворити за пласман меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите.

Пред вечерашниот реванш младиот предводник на Јунајтед Оле Гунар Солскер изјави дека во фудбалот најбитна е вербата, како и дека неговиот тим воден од неодамнешните одлични резултати може да стигне до полуфиналето во шампионската лига.

Во Торино италијанскиот великан Јувентус го пречекува големото изненадување во шампионското друштво Ајакс. Во Амстердам во првиот четвртфинален меч немаше победник беше 1-1, па сега очекувано улогата на фаворит е на страната на поквалитетниот и поискусниот тим на Јувентус.

Но, младиот состав на Ајакс во осминафиналето покажа и докажа дека може да биде рамноправен ако не и подобар од секој тим во Европа, па дури и од големиот Реал Мадрид. Ајакс е тимот поради кој кралевите од Мадрид како бранители на тронот многу порано од посакуваното се простија од вредниот пехар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here