Според информациите кои стигнаа до нашата редакција министерката за одбрана, Радмила Шекеринска до Началникот на Генералштабот пуштила наредба, по која тој постапил и издал своја наредба со која се наредува во сите акти кои ги изработува АРМ и министерството за одбрана да стои Република Северна Македонија.

– Јас, како офицер во Армијата на Република Македонија имам дадено заклетва дека ќе ги бранам интересите на Република Македонија и работам според Законот за одбрана на Република Македонија и јас, како изработувач на акти неможам да пишувам Република Северна Македонија. Во Законот за одбрана, член 28 стои дека „Наредбите на претпоставениот старешина во Армијата не се извршуваат ако нивното извршување претставува кривично дело”, а преименувањето на државата е кривично дело. Затоа и на прославата на денот на единицата не се спомнаа зборовите „Да живее Армијата на Република Македонија, Да живее Република Македонија”, вели офицерот кој се обрати до редакцијата на Инфомакс

.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here