Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски по гласањето кажа дека очекува изборите да поминат без инциденти и да добие предност за дефинитивна победа во вториот круг.

„Очекувам мирен европски ден како што и доликува на една европска, демократски развиена држава. Очекувам висока излезност затоа што граѓаните знаат дека не станува збор за избор на личност, туку за избор на концепт по кој Република Северна Мкаедонија треба да продолжи понатаму да се развива и да стане за еден кус временски период дел од евроатлантските структури. Се разбира на крајот на денот очекувам да оствариме убедлива предност која ќе ни даде можност во вториот изборен круг дефинтивно да ја добиеме масовната подршка на граѓаните за патот кој земјава го минува во изминатите две години, а тоа е подалеку од изолација и поблиску до Европа каде што реално припаѓаме“ реле Пендаровски.

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по гласањето кажа дека очекува фер избори и дека очекува да влезе во вториот круг.

„Ние треба да го докажеме демократскиот капацитет и со фер и демократски избори. Тоа не е многу вообичаено во 21 век, ама еве, се надевам дека ќе излеземе конечно од транзицискиот лавиринт и ќе влеземе во демократската транзиција. Кампањата се обидов да ја водам женски, со знаење, со посветеност со аргументи, да докажам дека ние жените имаме посебни квалитети и посебен начин на менаџирање на проблемите. Очекувам да влезам во вториот круг, а ако се случи да не влезам ќе гласам за Река поради стручноста и компетентноста“ рече Силјановска Давкова.

Кандидатот за претседател, Блерим Река очекува фер избори за земјава да ги почне преговорите со ЕУ.

„Се надевам дека граѓаните ќе го искористат своето уставно право и денеска ќе гласаат за претседател. Со убавото време јас мислам дека и расположението кај граѓаните е такво, и се надевам дека ќе докажеме дека сме држава која е спремна да ги почне преговорите со ЕУ и ќе докажеме дека имаме политички капацитет државата да ја водиме кон евроаталантските интеграции“ рече Река.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here