СВР Куманово поднесе кривична пријава против маж за ширење говор на омраза на Фејсбук.
Се работи за 43-годишниот И.Ј. од селото Пелинце, Старо Нагоричане, кој заработи кривична поради сомнение за „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ член 394-г ст.1 од КЗ на РМ.
Делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа Фејсбук.