Иако е готов автопатот Миладиновци – Штип, надлежните по неколку одложувања упатија ветување дека истиот ќе биде пуштен во употреба во месец мај.
Датумот за негово пуштање неколку пати досега беше преместуван поради тоа што не биле предвидени пристапни патишта за околните населени места. Директорот на ЈП за државни патишта изјави дека безбедноста на граѓаните е најважна и затоа не се брза со негово пуштање.
Во светот постојат бројни примери на кои треба да им се угледамe, тунели и автопатишта се градат само за неколку денови, а кај нас еден автопат повеќе од 3 години се одложува и одолговекува.
Месец мај го дочекавме, но не и автопатот Миладиновци – Штип, граѓаните го прашуваат министерот, дали тој и неговите колеги кога ветија месец мај, размислуваа на овој мај во 2019-та или пак некој мај во некоја следна година!?