Трошоците за рекламирање на изборната кампања во телевизиите, печатот и интернет- порталите на Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Блерим Река и евентуално останатите кандидати кои би собрале 10.000 потписи ќе ги плаќа државата од националниот буџет, според Изборен законик кој беше донесен лани.

Останатите трошоци ќе си ги покриваат самите кандидати, односно нивните партии, а максимум ќе може да потрошат по 3,3 милиони евра, бидејќи сумата произлегува од пресметката дека секој учесник има лимит по 110 денари од гласач.

Ова го договорија минатогодишното лето претседателите на политичките партии на лидерската средба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here