На барање на публиката, Репетициона 04 го најави своето последно репризно издание на “Дарк лав“.
Станува збор за претстава која е работена според текст на американскиот автор Леонард Герш. Приказната зборува за младо слепо момче, кое се иселува од домот на својата егоистична мајка, и напорите, наспроти хендикепот како пречка, да се вклопи во обичното катадневие, со помош на неговата енергична млада сосетка.
Во претставата играат: Соња Пилатова, Ана Марковска Борче Манев и Јаков Трајанов.
Резервирајте го вашиот билет, цена 50 денари.
Локација, Дом на културата – Ацо Шопов, Штип.
Почеток – 20:00 часот – (15.05.2019).