Надал го совлада Ѓоковиќ со 6:0, 4:6 и 6:1 за вкупно 34 мастерс трофеј во кариерата и 9-та на Мастерсот во Рим.
Надал беше исклучително убедлив на стартот против Ѓоковиќ и по 38 минути поведе со 1:0 без загубен гем што прв таков случај во досегашните 142 сета во нивните меѓусебни дуели.
Српскиот тенисер успеа да се врати во вториот сет и израмни на 1:1. Во третиот сет Надал повторно беше подобар, направи брејк на стартот и го доби сетот со 6:1.
https://www.youtube.com/watch?v=7kLoD-nVVPQ