За учениците денеска е последен ден од учебната година. Од утре ќе одморат за време на летниот распуст околу 270 илјади средношколци и основци.

Утре е последниот ден на училиште и за 20.000 првачиња кои ја завршија учебната 2018/2019 година.

На полуматурантите им претстои запишување во некое средно училиште, а тие тоа може да го направат на 17 и 18 јуни, или за време на второто пријавување на 24 и 25 јуни.

За учебната 2019/2020 година според Конкурсот на Министерството за образование наука, слободни се вкупно 35 690 ученички места.

Учениците кои завршија средно образование треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец, утре е полагањето на третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија, физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика. Доколку матурантите сакат да го продолжат своето образование и планираат да се запишат на факултет ќе може да го направат тоа во месец август.

За почетокот на следната учебна година, се очекува и новиот закон за основното образование кој во нацрт-верзија деновиве е поставен на Електронскиот регистар на прописи (ener.gov.mk) за доставување сугестии и забелешки.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here