ИЗМАМЕНИ ПОВЕЌЕ ШТИПСКИ СЕМЕЈСТВА, ИЗМАМНИЦИ СО ФАЛСИФИКУВАНИ ДОКУМЕНТИ ИМ ВЕТИЛЕ РАБОТА ВО БУДВА ИМ ЗЕМАЛЕ КАПАР И „ИСПАРИЛЕ“!

Во Штип, неколку семејства , се измамени од кринминалци кои кружат во градовите на Македонија и со добро испланирано сценарио, ги мамат граѓаните, посебно оние кои се фаќаат на сламката за спасот за „ подобар живот“. Во Штип се измамени повеќе вакви семејства. Им било понудено од измамниците сезонска работа во Будва,кои имале фалсификувани документи дека се ангажирани како посредници од некоја агенција, за работно ангажирање лица од Македонија во Будва., Претходно, со убаво сценарио, за да дојдат до парите, им побарале на измамените граѓани по 100 евра за да ја завршат работата.

Измамените, ,според договорот, ги чекале измамниците на денот кога требало да заминат во Будва, но од нив ни трага ни глас. Биле недостапни ни на телефоните. Измамниците биле толку прифригани што знаеле добро да ги „убедат“ измамените граѓани, дозволиме да им се снимаат и личните карти,, веројатно фалсификувани. Така, граѓаните ем не заминале на работа во Будва , ем останале без парите. Каде е тенко- таму се кине!

Ова нека биде само едно предупредување и за органите на прогонот , но и за сите граѓани за и тие да не наседнат на ваквите криминалкци.

Еден од измамените ни ја достави и фотографијата на човекот кој го измамил и потоа останал недостапен. Дали оваа лична карта е вистинска или фалсификувана , треба да утврдат државните органи. Измамникот имал лична карта на име Срѓан Карабелески.

Внимавјте на ваквите измамници!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here