Кривичниот суд го извести Основното јавно Обвинителство дека обвинетиот Миленко Неделковски сторил кривично дело оддавање службена тајна.
Против Неделковски се води судски спор за говор на омраза. Тој на судењето побарал процесот да се снима, а кога судот му ја доставиле видео и аудио снимката од процесот, Неделковски ја објавил на својата Фејсбук страница.
Снимката потоа била преземена и од еден интернет портал. Од судот потенцираат дека записот не смее да се реобјавува. Според членот 374 од Законот за КЗ забрането е тонските записи да се објавуваат надвор од кривичната постапка.
За ова дело предвидена е и затворска казна од 3 месеци до 5 години.
Од Судот исто така нагласуваат дека ова е прв случај на злоупотреба на запис од судница, иако до сега поголем дел од процесите биле снимени, секогаш кога тоа го побарале странките.
Неделковски се гони за ширење расистички и ксенофобичен материјал, во врска со неговиот коментар на социјалната мрежа Фејсбук за пожарите во Aтика, Грција.