Вчера попладне како што најави УХМР, имаше силно невреме во Македонија, беснееше невреме во Струмица, Берово и Пехчево, а најпогодена беше Струга.
Струга и околината беше зафатена од исклучително нестабилна и влажна воздушна маса која услови силно невреме проследено со пороен дожд, силни електрични празнења, оркански ветер а локално е регистрирана и појава на град, според последните информации силното невреме направи бројни штети низ градот, орканскиот ветер креваше покриви и уриваше бандери, покрај ова има и оштетени автомобили но за среќа нема повредени граѓани во текот на ова силно невреме кое ја зафати Струга, јави Славчо Поповски.
Невреме имаше и во Дебар и Демир Хисар, а и следните денови ќе има невреме според најавите на УХМР.